Saturday, September 7, 2013

НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА: Платформа

Организацијата НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА се бори против слободата, човековите права, правдата и еднаквоста. Ние ги спакувавме овие бесмислици во блиндирани кутии со цел да ги потопиме во Светата Река во знак на поддршка на прекрасната, розова иднина на оваа древна нација. Затоа што:
Ти не си Слободен сé додека не станеш член на Ренесансната Партија.

Ти немаш Човекови Права се додека не ги заслужиш со тоа што ќе станеш потполно послушен на Лидерот.
Не постои Правда поинаква од онаа што ја спроведува Ренесансниот Правен Систем.
Не постои Еднаквост! Единствениот Лидер е над нас, чувар на нашите сништа и стремежи, хранител, работодател, тој што ни кажува што е исправно и вистинито.

Ние пружаме силна и непоколеблива поддршка на Ренесансната Влада на Република Ренесанс. Да се потсетиме: меѓу толку многу други прекрасни работи, токму Ренесансната Влада е таа што ги насади жалните врби кои ги симболизираат Љубовта, Верата и Надежта во Светата Река.

Тоа ѝ треба на оваа древна нација - Љубов, Вера и Надеж, а не некои бајки како што се Слободата, Човековите Права, Правдата и Еднаквоста.

Станете наши следбеници и научете повеќе, доживејте повеќе!

НИЕ ЌЕ НАДВЛАДЕЕМЕ!











Организацијата НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА е изворна провладина милитантна организација за поддршка на Вистината, а со тоа и на Ренесансната Влада на Република Ренесанс, под водство на Ренесансната Партија и од мудроста и доблеста на Лидерот.
Организацијата НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА застанува во одбрана на секој збор од програмата на Ренесансната Влада на Република Ренесанс.
Ние ги посветуваме нашите животи и нашата чест во одбрана на новите вистини откриени од експертите на Ренесансната Влада. Оттаму, ние длабоко ја цениме историјата која во нашите животи влезе преку поставување на стотици споменици во чест на големите татковци на нашата древна нација и подигањето на дузини древни згради да ги вдомат илјадниците вредни војници на Ренесансната Партија.
Ние веруваме дека единствената вистина доаѓа од Ренесансните Медиуми. Сите останати медиуми се валкани лажговци и предавници.
Организацијата НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА ја велича Ренесансната Влада затоа што ја претвори нашата древна нација во поморска сила со изградбата на бродовите во Светата Река. Ние ги пријавивме сите наши членови да бидат првите маринци на Ренесансната Експедиција кон розовата иднина што ќе ја преземат овие бродови. Кога ќе испловат.
Ние, во организацијата НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА не веруваме во насилство, но веруваме во сила.
Затоа, сила ќе биде употребена во одбрана на Вистината што ни ја носи Ренесансната Влада на Република Ренесанс и грандиозниот Лидер на Ренесансната Партија.
Сила ќе биде употребена за одбрана на Светата Црква која го благослови нашиот Лидер.
НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА ќе употреби сила за одбрана на нашата света нација од извитоперените безбожни креатури и развратници. Нема место за хомосекцуалците или други девијантни и болни луѓе во нашата прекрасна Република Ренесанс. НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА ќе употреби сила во одбрана на нашата света нација од различните.
НИЕ СМЕ ВИСТИНАТА ќе употреби сила за да ги одбрани светите семејни вредности и ќе употреби сила за да ја зголеми плодноста на нацијата. 
Смртта е нашиот пријател кога зборуваме за нашата опозиција.
На бесилка со опозицијата! Обесете ги различните!
НИЕ ЌЕ НАДВЛАДЕЕМЕ!




No comments:

Post a Comment